AПТИС
Полагајте Аптис во Центарот за странски јазици – Скопје доколку ви е потребна веродостојна проценка на вештините по англиски јазик.
Што е Аптис?
Аптис тестот е направен од релевантни експерти од Британскиот совет, а го користат владините институции и организации на повеќе од 85 држави за утврдување и унапредување на стандардите за англискиот јазик.
Со Аптис може:
- да направите проценка на познавањето на англискиот јазик на вашите вработени, наставници и студенти, согласно Заедничката Европска Референтна Рамка за јазици (ЗЕР).
- да добиете проценка дали поединци го поседуваат потребното ниво на познавање на англискиот јазик
- да се утврди потребата од усовршување
- да се утврди дали студентите се подготвени да следат настава на англиски јазик
- да се овозможи веродостоен процес на селекција
Начин на полагање Аптис
Аптис тестот се полага на компјутер и овозможува брзи резултати.
Во зависност од вашите потреби може да полагате една или повеќе јазични вештини (speaking, writing, listening, reading). Секој тест вклучува задолжителна проверка на граматика и вокабулар како дополнителна гаранција за прецизноста при определувањето на нивото според ЗЕР.
- Граматика и вокабулар: 25 минути
- Слушање: 40 минути
- Читање: 35 минути
- Пишување: 50 минути
- Зборување: 12 минути
Подготовка за Аптис
За да се запознаете со форматот на испитот и да ги усовршите вашите јазични вештини може да ги користите бесплатните материјали кои се достапни на следниот линк https://www.britishcouncil.org/exam/aptis/practice-materials
Пријавете се за Аптис тестирање
Регистрирајте се за полагање на Аптис онлајн: