Опис на курсевите за возрасни


Курсевите за возрасни кои ги нуди Центарот за странски јазици-Скопје се едносеместрални и ги опфаќаат сите нивоа (А1 – Ц2).

Наставата за секој степен трае вкупно 16 недели во семестар, односно 32 часа. Наставата се одржува два пати неделно (понеделник и среда, или вторник и четврток) во попладневните и вечерните часови. Секој час е со времетраење од 105 минути. Некои курсеви имаат различно времетраење и должина на часовите како што се специјализираните курсеви (TOEFL, IELTS) и курсевите за одредени јазици (словенечки, шпански, италијански и други - повеќе информации на почетната страница).

Исто така, ЦСЈ продолжува да организира индивидуални часови кои досега покажаа одлични резултати. Тие се изведуваат со времетраење и термин кои му одговараат на слушателот. Индивидуалните часови се одржуваат онлајн.

Начинот на одржување настава во група за возрасни слушатели, онлајн или со физичко присуство, се одредува според изборот на мнозинството слушатели во секоја група. Потпирајќи се на нашето искуство, традиција и современи трендови, Центарот ја дизајнираше наставната програма на начин со кој сметаме дека слушателите можат подеднакво добро да ги совладаат наставните содржини преку настава со физичко присуство како и онлајн часови.

Во соработка со реномираните издавачи чии учебници се користат во нашата настава, просечен час во Центарот за странски јазици (онлајн или со физичко присуство) се состои од:

-        Работа со учебник и работна тетратка.

-        Работа на слушателите во парови и групи на дадена тема.

-        Редовно задавање на домашни задачи и нивна проверка.

-        Употреба на разновидни материјали (документи, виртуелна бела табла, аудио, видео и сл.) кои професорот може да ги споделува со слушателите со цел подобро и полесно да ги усвојат наставните содржини.

-        Постојана комуникација во реално време помеѓу наставникот и сите слушатели во групата преку платформата ZOOM. Нашето искуство покажува дека ZOOM е најдоброто решение за двонасочна комуникација меѓу професорот и слушателите бидејќи овозможува работа на сите четири главни јазични вештини (слушање, зборување, пишување и читање).

За поквалитетна настава препорачуваме слушателот да го следи курсот преку компјутер / лаптоп со слушалки, за да се избегнат надворешни влијанија (звуци, шумови и сл.). Воедно, тоа ќе овозможи слушателот подобро да се фокусира на наставните содржини.

 

*ЦСЈ го задржува правото привремено целосно да ја пренасочи наставата онлајн, и за детските и за возрасните курсеви, доколку моменталните состојби и услови налагааат потреба од таков вид на настава.

Центар за странски jазици

Жиро сметки:
Комерциjална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопjе, Македониjа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски јазици, 2016 - 2024. Сите права задржани