ИСПИТ ЗА АКТИВНО ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ
Во Центарот за странски јазици редовно се одржуваат испити за активно познавање на следните јазици:
- англиски
- француски
- германски
- италијански
- албански
- шпански
- грчки
- српски
- хрватски
- словенечки
- руски
- украински
Нивото на активно познавање на јазикот се одредува преку испит што ги проверува следните вештини:
- зборување
- граматика
- разбирање на прочитан текст
- разбирање на говорниот јазик
- пишување
Цената за испитот за активно познавање на јазикот изнесува 1700 денари.
Испитите се одржуваат со претходно закажување на телефон 02 3067-783 и 075 282 600.
Потврдите за познавање на јазикот се издаваат веднаш по одржување на испитите.
Добиените потврди од Центарот за странски јазици можат да послужат за запишување на постдипломски студии и за вработување во земјата.
* Центарот за странски јазици организира и изведува испити и тестирања за потребите на најразлични институции и претпријатија по нивно барање.