Почетна Контакт


03.02.2012  

Уписи 2012

Уписи 2012 за сите јазици, возрасти, нивоа и потреби до 8. февруари

Подготовка за полагање на BEC (Business English Certificate), ILEC (International Legal English Certificate), IELTS, TOEFL, JetSet (LCCI)...

Италијански, шпански и грчки за возрасни и студенти по посебни промотивни цени!

Словенчки и латински!

Полагање на испитите по германски јазик на GOETHE-INSTITUT на сите нивоа (А1-Ц1)!

Интензивни курсеви за подготовка!

Јазични курсеви низ Европа! 


28.12.2011  

Интензивни курсеви

Интензивни курсеви по германски јазик по посебни промотивни цени!

ИНТЕНЗИВНИ КУРСЕВИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ПО

ПОСЕБНИ ПРОМОТИВНИ

ЦЕНИ!!!

 

 

НАЈБРЗ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ПОСАКУВАНОТО НИВО B1 ИЛИ B2

 

 

*        4 пати неделно, 90 мин.  во времетраење од 17 недели

 

Почеток:  8 февруари 2012 год.

 

Упис:  23/01/2012 - 3/02/2012 во Центарот за странски јазици - Скопје

 

Цена:   17.600 ден. на 3 рати (I - 6.000 ден, II - 5.800 ден, III - 5.800 ден.),

 

или 16.200 ден. за плаќање на целата сума при упис

 

 

 

*        За почеток на наставата потребен е минимум од 5 слушатели


20.12.2011  

Нови курсеви

Учете италијански, шпански или грчки по посебни промотивни цени!!!

Учете италијански, шпански или грчки по посебни промотивни цени!!!

2 пати неделно,  60 мин.  17:30 - 18:30

Почеток:  8 февруари, 2012

Упис :    23/01/2012 - 3/02/2012

Цена: 6.000 ден. на рати, или 5.600 ден. за плаќање на целата сума при упис

Курсевите се наменети за:

  • сите возрасни кои од секогаш сакале, но не успеале да си ја исполнат желбата да научат втор јазик
  • родителите кои ги чекаат своите деца додека тие се на час во ЦСЈ


19.12.2011  

Најава

Нови курсеви во Центарот за странски јазици!

- италијански, шпански и грчки за родителите додека ги чекаат своите деца, со посебни промотивни цени;
- италијански за студенти
- словенечки за подготовка за студии во Словенија
- и за првпат, латински!


14.12.2011  

Италијански јазик

 

КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ЗА ВОЗРАСНИ СО ПОСЕБНИ ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ!!!

 

Курсот " La dolce vita"  е наменет за возрасни слушатели, за сите оние кои што отсекогаш сакале, но не успеале да си ја исполнат желбата да го научат италијанскиот јазик.

Курсот трае 17 недели, со две средби во неделата од по 60 минути.

Во рамките на еден курс би се поминувале по околу 15 тематски единици, оставајќи простор за часови за контролни тестови, диктати или конверзација на дадена тема.

Целосниот курс по оваа програма би се спровел низ 6 (шест) семестра, односно соодветно на Европската Референцијална рамка за странски јазици: A1; A2; B1; B2; C1; C2.

Преку учебникот Un giorno in Italia ќе ја искористиме можноста да влеземе практично во италијанскиот говорен јазик.

Серијалот од тематски поврзани единици дава можност во него да земат учество и самите слушатели, односно да бидат дел од патувањето со воз низ Италија за само еден ден. Патувањето започнува од Север (Милано), а завршува на Југ  (Месина).

Попатно во 30те епизоди слушателите учествуваат во едно социјално, лингвистичко и културолошко искуство што ќе им овозможи контакт со богатството и автентичноста на  Италија.

Овој учебен материјал претставува збир од комуникациски теми, а преку неговите аудио дијалози се истакнува експресивноста на говорителите (актерите во серијалот) и на самиот јазик воопшто, што ќе рече се надминува функционалниот аспект на јазикот и се изучува прагматичноста на комуникацијата.

Граматиката се воведува индуктивно, односно не се зборува за граматички правила, туку до нив се стигнува преку одредено лингвистичко искуство.

Токму овој момент преовлада во одбирањето на овој учебник, знаејќи за стравот од граматиката поготово за генерациите кои своевремено "учеле" странски јазици по од сегашен аспект неефикасни методи.

 

 ЗА ВАС, 6.000 МКД НА РАТИ, ИЛИ 5.600 МКД ЗА ЦЕЛА СУМА ПРИ УПИС

 

ПОЧЕТОК: 8 ФЕВРУАРИ, 2012

УПИС: 23 ЈАНУАРИ - 3 ФЕВРУАРИ 2012

 

УПИСОТ СЕ ВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ - СКОПЈЕ, ОД 14:30 - 20:30 Ч.    


14.12.2011  

Италијански јазик

КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ЗА СТУДЕНТИ СО ПОСЕБНИ ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ!!!

 

Курсот L'italiano all'universita' е наменет за студенти кои што би го изучувале италијанскиот јазик со цел да ги докомплетираат своите студии во Италија или пак да го дооформат својот професионален профил.

Курсот трае 1 семестар, односно 17 недели, со две средби во неделата од по 90 минути.

Во рамките на еден курс би се поминувале по 12 тематски единици, оставајќи простор за часови за контролни тестови, диктати или конверзација на дадена тема.

Целосниот курс по оваа програма би се спровел низ 4 (четири) семестра, односно соодветно на Европската Референцијална рамка за странски јазици: A1; A2; B1; B2;

Овој курс би претставувал сериозен и сеопфатен проект за академски луѓе со веќе истрасирана цел.    

  

РЕДОВНА ЦЕНА, 11.4000 МКД НА РАТИ, ИЛИ 10.400 МКД ЗА ЦЕЛА СУМА ПРИ УПИС,

 

ЗА ВАС, 8.700 МКД НА РАТИ, ИЛИ 8.000 МКД ЗА ЦЕЛА СУМА ПРИ УПИС

 

ПОЧЕТОК: 8 ФЕВРУАРИ, 2012

УПИС: 23 ЈАНУАРИ - 3 ФЕВРУАРИ 2012

 

УПИСОТ СЕ ВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ - СКОПЈЕ, ОД 14:30 - 20:30 Ч.    


13.09.2011  

Испит за определување ниво според ЗЕР

Испит за определување на нивото на познавање на англискиот јазик во согласност со нивоата на Заедничката европска рамка.


Испитот се состои од четири дела:

  • читање со разбирање (15 минути)
  • граматички дел (45 минути)
  • зборување (15 минути)
  • пишување (15 минути)

  

Цената изнесува 2200 денари.

 

Пријавување на телефон 02/3067 783