Почетна Контакт


Business English

УЧЕТЕ ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ ВО ЛОНДОН

Лондон

 

Курс по деловен англиски во Лондон  во организација на Центарот за странски јазици-Скопје,  во соработка со EF Education First.

Можете да одберете престој во траење од најмалку 2 недели!

 

 

Цената на престојот од 2 недели изнесува 1900 долари.

Цената вклучува:

  • 30 часа неделно
  • сместување  во еднокреветна соба во семејство
  • осигурување

Училиштето во Лондон се наоѓа во центарот на градот, недалеку од Станицата Ватерло, London Eye  и  West End театрите, во стара викторијанска зграда која нуди пријатни услови за работа.

Курсот ви овозможува да се здобиете со знаења потребни за успех во деловното работење и темелно разбирање на деловните принципи.

Курсот содржи:

  •  14 часа за подобрување на граматичките структури и комуникациските вештини,
  •   6 интерактивни он-лајн лабораториски часови  во текот на кои се разгледуваат различни деловни ситуации и туторијали,
  •  10 часа деловен англиски со посебен осврт кон развивање на лидерски способности, преговарање, водење состаноци, развивање на стратегии за маркетинг и продажба,
  •  1 предавање (2 часа)  за запознавање со британската култура.

 

За подетални информации  можете да стапите во контакт со:

Весна Симоновска

075 282 600

или

studentexchange@csj.com