12-17
ЛЕТНА ШКОЛА ВО ВИЕНА
Летна школа во Виена за деца на возраст од 12-17 години.
Можете да одберете престој во траење од 2 или 3 недели!
Цена на престојот:
2000 евра за 2 недели
2500 евра 3 недели
Цената вклучува:
- 20 часа неделно (претпладне)
- сместување + 3 оброка на ден
- целосна супервизија
- слободни активности
- авионски превоз
- осигурување
- трансфер од аеродромот во Виена до вашето сместување и обратно.
Зошто ActiLingua?
Од своето постоење од 1988 год. ActiLingua се здобива со се поголем углед и популарност ширум светот поради големиот избор на курсеви, квалитетната настава и не помалку пријатната атмосфера за учење.
Училиштето се наоѓа во центарот на Виена, во близина на многу познати знаменитости, и е опколено со голем парк и многу спортски терени што го прави подобно за одржување на еден ваков курс за млади луѓе.
Професорите во училиштето се и ваши пријатели и партнери. Тие се не само одлично обучени туку и со голема посветеност ја извршуваат својата работа. Наставата се одвива во мали групи и во пријатна атмосфера. Грижата за учениците продолжува и по наставата и трае 24 часа на ден. За излегување од училиштето е потребна писмена дозвола од родителите.
Сместувањето е во резиденција, која се наоѓа во состав на просторот каде што се одвива и наставата, во четирикреветни соби со полн пансион.
Понудените слободни активности ќе ви ги прикажат Виена и австриската култура во најубава светлина. Да споменеме само некои, курс за совладување на виенскиот валцер, културолошки квизови, спорт, прошетки низ Виена итн.
Лицe за контакт:
Весна Симоновска
075 282 600




