Почетна Контакт


16-19

ЛЕТНА ШКОЛА ВО ВИЕНА

Виена

 

 

Летна школа во Виена за деца на возраст од 16-19 години.

Можете да одберете престој во траење од 2 или 3 недели!

 

Цена на престојот:

1300 евра за 2 недели

1700 евра за 3 недели

 

Цената вклучува:

  • 20 часа неделно (претпладне)
  • сместување во двокреветна соба во студентски дом + храна на база полупансион
  • слободни активности
  • трансфер од аеродромот во Виена до вашето сместување и обратно.

 

Зошто ActiLingua?

 Од своето постоење од 1988 год. ActiLingua се здобива со се поголем углед и популарност ширум светот поради големиот избор на курсеви, квалитетната настава и не помалку пријатната атмосфера за учење.

Училиштето се наоѓа во центарот на Виена, во близина на Stephansplatz, во неодамна реновиран прекрасен објект. Студентите имаат на располагање мултимедијална библиотека опремена со 17 компјутери и пристап кон Интернет, Wi-Fi во целото училиште и кафетерија.

Професорите во училиштето се и ваши пријатели и партнери. Тие се не само одлично обучени туку и со голема посветеност ја извршуваат својата работа. Секоја група има по два професора со цел да се обезбеди поголема разновидност и квалитет.

Сместувањето е во ActiLingua Residence која располага со 18 убаво опремени апартмани. Резиденцијата се наоѓа на 10 минути од училиштето и центарот на Виена со употреба на јавен превоз. Стандардните апартмани се еднокреветни или двокреветни, а на располагање ви се бања и кујна за заедничко користење.

Понудените слободни  активности  ќе ви ги прикажат Виена и австриската култура во најубава светлина. Да споменеме само некои, курс за совладување на виенскиот валцер, посета на традиционални таверни и пабови, спорт, прошетки низ Виена итн.

 

Лице за контакт:

Весна Симоновска

075 282 600