18+
ШКОЛУВАЊЕ ВО ВИЕНА
Можете да одберете престој во траење од 2 или 3 недели!
1050 евра за 2 недели, еднокреветна соба + часови претпладне
950 евра за 2 недели, двокреветна соба + часови претпладне
1350 евра за 3 недели, еднокреветна соба + часови претпладне
1250 евра за 3 недели, двокреветна соба + часови претпладне
Цената вклучува:
- 20 часа неделно
- осигурување
- сместување
Во оваа ценa не е вклучен авионскиот превоз.
На ваше барање:
- Организираме трансфер од аеродромот во Виена до вашето сместување и обратно.
- Авионски превоз Скопје-Виена-Скопје.
Зошто ActiLingua?
Од своето постоење од 1988 год. ActiLingua се здобива со се поголем углед и популарност ширум светот поради големиот избор на курсеви, квалитетната настава и не помалку пријатната атмосфера за учење.
Училиштето се наоѓа во центарот на Виена, во близина на Stephansplatz, во неодамна реновиран прекрасен објект. Студентите имаат на располагање мултимедијална библиотека опремена со 17 компјутери и пристап кон Интернет, Wi-Fi во целото училиште и кафетерија.
Професорите во училиштето се и ваши пријатели и партнери. Тие се не само одлично обучени туку и со голема посветеност ја извршуваат својата работа. Секоја група има по два професора со цел да се обезбеди поголема разновидност и квалитет.
Сместувањето е во ActiLingua Residence која располага со 18 убаво опремени апартмани. Резиденцијата се наоѓа на 10 минути од училиштето и центарот на Виена со употреба на јавен превоз. Стандардните апартмани се еднокреветни или двокреветни, а на располагање ви се бања и кујна за заедничко користење.
Понудените слободни активности ќе ви ги прикажат Виена и австриската култура во најубава светлина. Да споменеме само некои, курс за совладување на виенскиот валцер, посета на традиционални таверни и пабови, спорт, прошетки низ Виена и тн.
Лице за контакт:
Весна Симоновска
Телефон за контакт: 075 282 600




