18+
ЛЕТНА ШКОЛА ВО ФРАНКФУРТ
Летна школа во Франкфурт во организација на Центарот за странски јазици во соработка со Sprachcaffe Languages PLUS.
Можете да одберете престој во траење од најмалку 2 недели!
Цената на престојот од 2 недели изнесува 800 евра.
Цената вклучува:
- 20 часа неделно (претпладне)
- Сместување во двокреветна соба во апартман
- Учебници и други потребни наставни материјали
- осигурување
Нашата програма во Франкфурт претставува посебно искуство – учите германски од квалификувани професори и откривате еден од највозбудливите градови во Европа.
Без оглед на тоа дали сте почетник или имате предзнаење, во Sprachcaffe во Франкфурт ќе најдете соодветен курс. Курсевите се разновидни и ви овозможуваат тоа што сте го научиле на час да го вежбате во секојдневниот живот преку средбите со луѓето од оваа прекрасна земја. Ќе се запознаете и со локалната кујна, уметност и историја.
Ќе уживате во пијалокот сајдр, ќе пробате разни видови сирења слушајќи музика. Можете да ја посетите Зоолошката градина и да ги видите егзотичните растенија во Ботаничката градина.
Лице за контакт:
Весна Симоновска
075 282 600




