Почетна Контакт


18+

ШКОЛУВАЊЕ ВО ПАРИЗ

Париз

 

 

Летна школа во Париз во организација на Центарот за странски јазици-Скопје.

Можете да одберете престој во траење од најмалку 2 недели!

 

 

Цената на престојот од 2 недели изнесува 1400 евра.

Цената вклучува:

  • 20 часа неделно (претпладне)
  • Резиденцијално сместување во еднокреветна соба со појадок
  • Наставни материјали

 

Зошто ACCORD?

Училиштето ACCORD се наоѓа во срцето на Париз, на “Grands  Boulevards”, на неколку минути од Лувр, Операта и Центарот Жорж Помпиду. ACCORD е сместен на вториот кат на една типична париска зграда и има 20 одлично опремени училници. Во кафетеријата студентите можат да најдат голем избор на дневни весници и списанија, како и компјутери со пристап до Интернет.

Учењето се одвива во пријатни услови, а најголемо внимание им се посветува на развој на комуникациските вештини. Од 1988 година ACCORD  има своја Театарска работилница во која можете да се вклучите еднаш неделно како дел од вашиот курс.

На крајот на курсот добивате сертификат во кој се наведува бројот на часовите што сте ги посетувале.

Можете да одберете сместување во семејство, во студентски резиденции или резиденцијален хотел во еднокреветна или двокреветна соба со појадок или на база на полупансион.

Покрај курсевите, ACCORD нуди програма со културолошки активности за своите ученици. Се организираат пловидби со брод по Сена, посети на познати музеи во Париз и на сите други знаменитости во градот на светлината.

 

Лице за контакт:

Весна Симоновска

075 282 600