Почетна Контакт


Испити на Гете Институтот

Die Prüfungen des Goethe-Instituts

Правилник за испити на Гете институтот


Обновено: 1 февруари 2010
Испитите на Гете институтот се направени за докажување познавање на германски јазик како странски јазик и како втор јазик, а се изведуваат и се оценуваат според единствени одредби во испитните центри ширум светот, наведени во §2 од овој правилник за испити.


§ 1 Основа на испитот

Овој правилник важи за сите испити на Гете институтот наведени во §3. Важечко е обновеното издание. За секој испит Гете институтот издава по еден комплет за вежбање, којшто е достапен на интернет за сите заинтересирани. Важечка е секогаш последната објавена верзија. Овие комплети за вежбање овозможуваат увид во структурата, содржината и оценувањето кај одделните испити. Поединости за испитите може да се најдат во Правила и услови за полагање испити, објавени на интернет



GOETHE -ZERTI FIKAT A1 Start Deutsch 1

Правила и услови за полагање испити
Goethe-Zertifikat A1:
Start Deutsch

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити за испитот Goethe-Zertifikat A1: Start Deutsch 1 се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитот Start Deutsch 1 e развиен од Гете институтот. Се спроведува и се оценува според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити. Испитот соодветствува на првото ниво – А1 – од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна шестстепена скала и ја потврдува способноста за самостојно користење на јазикот.

§ 1 Опис на испитот
§ 1.1 Составни делови на испитот
Испитот Start Deutsch 1 се состои од следнит задолжителни делови:

  • писмен групен испит
  •  устен групен испит


GOETHE -ZERTI FIKAT A1A2 Fit in Deutsch 1 Fit in Deutsch 2

Правила и услови за полагање испити за млади Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 и Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch 2

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити за испитите за млади Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 и Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch 2 се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитите Fit in Deutsch 1 и Fit in Deutsch 2 сe развиени од Гете институтот. Се спроведуваат и се оценуваат според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити.

Испитите соодветствуваат на првото ниво – А1 – и на второто ниво – А2 – од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна шестстепена скала и ја потврдуваат способноста за самостојно користење на јазикот.

1 Опис на испитот

§ 1.1 Составни делови на испитот
Испитите Fit in Deutsch 1 и Fit in Deutsch 2 се состојат од следните задолжителни делови:

  •  писмен групен испит
  •  устен групен испит (Fit in Deutsch 1) односноиспит во пар (Fit in Deutsch 2).


GOETHE -ZERTI FIKAT A2 Start Deutsch 2

Правила и услови за полагање испити Goethe-Zertifikat A2: Start Deutsch 2

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити за испитот Goethe-Zertifikat A2: Start Deutsch 2 се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитот Start Deutsch 2 e развиен од Гете институтот.  Се спроведува и се оценува според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити.

Испитот соодветствува на второто ниво – А2 – од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна естстепена скала и ја потврдува способноста за самостојно користење на јазикот.

§ 1 Опис на испитот

§ 1.1 Составни делови на испитот
Испитот Start Deutsch 2 се состои од следните задолжителни делови:

  •  писмен групен испит
  • устен испит во пар


GOETHE - ZERTIFIKAT B1 Zertifikat Deutsch (ZD) Zertifikat Deutsch für Jugendliche (ZDj)

Правила и услови за полагање испити Goethe-Zertifikat B1: Zertifikat Deutsch Zertifikat Deutsch für Jugendliche

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити за испитите Goethe-Zertifikat B1: Zertifikat Deutsch и Zertifikat Deutsch für Jugendliche се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитите Goethe-Zertifikat B1: Zertifikat Deutsch и Zertifikat Deutsch für Jugendliche се развиени од Гете институтот, Конференцијата на министерствата за образование на швајцарските кантони (EDK), Австриската јазична диплома – Deutsch (ÖSD) и Телц ДОО (telc GmbH). Тие се спроведуваат и се оценуваат според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити.

Испитите соодветствуваат на третото ниво – Б1 – од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна шестстепена скала и ја потврдуваат способноста за самостојно користење на јазикот.

§ 1 Опис на испитот

§ 1.1 Составни делови на испитот
Испитите Goethe-Zertifikat B1: Zertifikat Deutsch и Zertifikat Deutsch für Jugendliche се состојат од следните задолжителни делови:

  • писмен групен испит
  •  устен испит во пар или индивидуално


GOETHE -ZERTI FIKAT B2

Правила и услови за полагање испити за испитот Goethe-Zertifikat B2

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити на испитот Goethe-Zertifikat B2 се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитот Goethe-Zertifikat B2 е развиен од Гете институтот. Toj се спроведува и се оценува според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити.

Испитот соодветствува на четвртото ниво – Б2– од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна шестстепена скала и ја потврдува способноста за самостојно користење на јазикот.

§ 1 Опис на испитот

§ 1.1 Составни делови на испитот
Испитот Goethe-Zertifikat B2 се состои од следните задолжителни делови:

  • писмен групен испит
  • устен испит во пар или индивидуално


Zertifikat Deutsch für den Beruf

Правила и услови за полагање на испитот Zertifikat Deutsch für den Beruf [ZDfB]

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити за испитот Zertifikat Deutsch für den Beruf [ZDfB] се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитот Zertifikat Deutsch für den Beruf [ZDfB] е развиен од Гете институтот. Тој се спроведува и се оценува според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити.

Испитот соодветствува на четвртото ниво – Б2– од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна шестстепена скала и ја потврдува способноста за самостојно користење на јазикот.

§ 1 Опис на испитот

 § 1.1 Составни делови на испитот
Испитот Goethe-Zertifikat B2 се состои од следните задолжителни делови:

  • писмен групен испит
  • устен испит во парови или индивидуален


GOETHE -ZERTI FIKAT C1

Правила и услови за полагање испити за испитот Goethe-Zertifikat C1

Обновено: 1 февруари 2010
Правилата и условите за полагање испити за испитот Goethe-Zertifikat C1 се составен дел од Правилникот за испити на Гете институтот во нивната обновена верзија.

Испитот Goethe-Zertifikat C1 е развиен од Гете институтот. Тој се спроведува и се оценува според единствени критериуми во сите испитни центри ширум светот, наведени во §2 во Правилникот за испити.

Испитот соодветствува на петтото ниво – Ц1 – од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ) од опишаната компетентна шестстепена скала и ја потврдува способноста за самостојно користење на јазикот.

§ 1 Опис на испитот

§ 1.1 Составни делови на испитот
Испитот Goethe-Zertifikat C1 се состои од следните задолжителни делови:

  • писмен групен испит
  •  устен испит во пар или индивидуално