Почетна Контакт


За професорите

Нашите професори се меѓу најпочитуваните и најдобро обучените во својата професија. Тие поседуваат големо искуство и висока стручност. Центарот обезбедува перманентно стручно усовршување на својот кадар преку посета на специјализирани семинари во земјата и странство. Познато ни е дека нашите ученици учат на различни начини, па затоа нашите професори користат голем број разновидни современи методи и техники со цел да им излезат во пресрет на нивните индивидуални потреби. Професорите постојано соработуваат со Директорите за настава на Центарот за странски јазици кои како искусен тим советници за настава ги следат најновите текови во методологијата за изучување на англискиот јазик. Нашиот целокупен персонал ќе Ви помогне при учењето. Грижата за секој поединечен слушател е еден од најдрагоцените аспекти на учењето во Центарот за странски јазици.