Почетна Контакт


Тестирање за потреби на фирми

Почитувани,

Следејќи ги потребите на компаниите во Република Македонија да имаат преглед за нивото на познавање на англискиот јазик на своите вработени и на оние што ги вработуваат, Центарот за странски јазици разви систем за тестирање за сите оние за кои комуникацијата на англиски јазик е важен дел од нивното работење. Со нашите тестови, нивото на познавање на англискиот јазик на Вашите кандидати се определува не само во рамките на Вашата компанија и не само во рамките на Македонија, туку во меѓународни рамки. Тестовите се релевантни, практични, флексибилни, стандардизирани, современи, квалитетни, не одземаат многу време и резултатите брзо се доставуваат во форма на извештај во зависност од целта на тестирањето.

За што можете да ги користите нашите тестови
  • Ако сакате да определите на кое ниво, во меѓународни рамки, е познавањето на англискиот јазик на Вашите вработени.
  • Ако сакате да ги стимулирате своите вработени да продолжат со учењето англиски јазик.
  • Ако Вашите вработени веќе посетуваат курсеви по англиски јазик и сакате преку независно тестирање да проверите дали ги постигнуваат соодветните резултати.
  • Ако сакате да организирате определен курс за англиски јазик и сакате да извршите избор на оние вработени кои ќе бидат во состојба да го посетуваат.
  • Ако при ново вработување сакате да го проверите нивото на познавање на англискиот јазик на кандидатите.
  • Или за било кои други потреби што ќе се појават во Вашата организација.

Лицa за контакт
Фанија Смичковска, Анка Карапанчева
Тел./ факс: 3067 783, 3063 138
Email: info@csj.com.mk
Ви благодариме за довербата