Англиски
КУРСЕВИ ЗА УЧЕНИЦИ
Центарот за странски јазици организира курсеви за деца од предучилишна возраст (5год.) како и за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста на која ученикот започнал со изучување на англискиот јазик, курсевите се организираат на 10 т.е. на 12 нивоа, вклучувајки ја и подготовката за меѓународно признати дипломи за познавање на англискиот јазик.
Редовните детски курсеви се одржуваат два пати неделно по 2 часа (блок од 70 мин.), и траат во текот на целата учебна година односно 17 недели во првото полугодие и 17 недели во второто полугодие.
Методите и книгите кои се користат во редовните курсеви се најсовремени и во издание на реномирани издавачки куќи.
Организираме подготвителни курсеви за деца од предучилишна возраст и ученици од I и II одд.
Следуваат десет степени, кои се на следниве нивоа според Заедничката европска рамка:
* прв и втор степен - ниво А1
* трет и четврти степен - ниво А2
* петти и шести степен - ниво B1
* седми степен - ниво B2
* Редовен осми или/и FCE - First Certificate in English (Прв сертификат по англиски јазик на Универзитетот Кембриџ: по завршувањето на VII-от степен учениците имаат можност, со положување на квалификациониот испит, да посетуваат курс што ги подготвува за овој испит)
Ученикот има можност за понатамошно усовршување на јазикот посетувајќи ги курсевите:
* САЕ - Certificate in Advanced English(Сертификат за напредно ниво на познавање на англискиот јазик) - деветти степен - ниво C1
*СРЕ - Certificate of Proficiency in English(Сертификат за највисоко ниво на познавање на англискиот јазик)- десетти степен - ниво C2
КУРСЕВИ ЗА ВОЗРАСНИ СЛУШАТЕЛИ
Општи курсевиЦентарот за странски јазици организира курсеви по англиски јазик за возрасни слушатели со најсовремени интерактивни и комуникативни методи за учење јазици. Курсевите се организираат на 12 нивоа, од елементарно, (вклучувајќи почетници со предзнаење), до највисоко, со подотовка за меѓународно признаени дипломи за познавање на англискиот јазик.
Посебни курсеви
- Деловен јазик и конверзација
- Деловен јазик
- Конверзација
- Конверзација и граматика
- Деловно пишување
- Академско пишување
Курсеви за меѓународно признати дипломи
- Test of English as a Foreign Language (TOEFL), Prinston University
- First Certificate of English (FCE), Cambridge University
- Certificate in Advanced English (CAE), Cambridge University
- Certificate of Proficiency in English (CPE),
- Business English Certificate (BEC),
- International English Language Test Systems (IELTS)
- International Certificate in Financial English (ICFE)
- International Legal English Certificate (ILEC)
- Интензивни курсеви со секојдневна настава за брза подготовка (на барање на претпријатија и институции)
- Викенд курсеви кои се одржуваат во петок попладне и сабота наутро за лица кои не можат да посетуваат редовна настава во текот на работната недела. Тие вклучуваат и курсеви за комуникација, граматика, конверзација, деловен јазик и за освежување на јазикот.
- Интензивни специјализирани курсеви за специфични професии(новинарство, дипломатија, право, медицина, банкарство и сл.)
- Летни курсеви за сите нивоа.
- Специјализирани курсеви во просториите на компаниите и институциите
- Индивидуални часови по договор
Уписот за редовните курсеви се врши во првите две недели од септември и вторите две недели од јануари.
Уписот на другите видови курсеви се врши секојдневно по нивното објавување.




