Италијански
Курс L’italiano all’universita
НОВО ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ-СКОПЈЕ
КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ЗА СТУДЕНТИ СО ПОСЕБНИ ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ!!!
Курсот L'italiano all'universita' е наменет за студенти кои што би го изучувале италијанскиот јазик со цел да ги докомплетираат своите студии во Италија или пак да го дооформат својот професионален профил.
Курсот трае 1 семестар, односно 17 недели, со две средби во неделата од по 90 минути.
Во рамките на еден курс би се поминувале по 12 тематски единици, оставајќи простор за часови за контролни тестови, диктати или конверзација на дадена тема.
Целосниот курс по оваа програма би се спровел низ 4 (четири) семестра, односно соодветно на Европската Референцијална рамка за странски јазици: A1; A2; B1; B2;
Овој курс би претставувал сериозен и сеопфатен проект за академски луѓе со веќе истрасирана цел.
РЕДОВНА ЦЕНА, 11.4000 МКД НА РАТИ, ИЛИ 10.400 МКД ЗА ЦЕЛА СУМА ПРИ УПИС,
ЗА ВАС, 8.700 МКД НА РАТИ, ИЛИ 8.000 МКД ЗА ЦЕЛА СУМА ПРИ УПИС
ПОЧЕТОК: 8 ФЕВРУАРИ, 2012
УПИС: 23 ЈАНУАРИ - 3 ФЕВРУАРИ 2012
УПИСОТ СЕ ВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ - СКОПЈЕ, ОД 14:30 - 20:30 Ч.
Курс La dolce vita
НОВО ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ-СКОПЈЕ
КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ЗА ВОЗРАСНИ СО ПОСЕБНИ ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ!!!
Курсот " La dolce vita" е наменет за возрасни слушатели, за сите оние кои што отсекогаш сакале, но не успеале да си ја исполнат желбата да го научат италијанскиот јазик.
Курсот трае 17 недели, со две средби во неделата од по 60 минути.
Во рамките на еден курс би се поминувале по околу 15 тематски единици, оставајќи простор за часови за контролни тестови, диктати или конверзација на дадена тема.
Целосниот курс по оваа програма би се спровел низ 6 (шест) семестра, односно соодветно на Европската Референцијална рамка за странски јазици: A1; A2; B1; B2; C1; C2.
Преку учебникот Un giorno in Italia ќе ја искористиме можноста да влеземе практично во италијанскиот говорен јазик.
Серијалот од тематски поврзани единици дава можност во него да земат учество и самите слушатели, односно да бидат дел од патувањето со воз низ Италија за само еден ден. Патувањето започнува од Север (Милано), а завршува на Југ (Месина).
Попатно во 30те епизоди слушателите учествуваат во едно социјално, лингвистичко и културолошко искуство што ќе им овозможи контакт со богатството и автентичноста на Италија.
Овој учебен материјал претставува збир од комуникациски теми, а преку неговите аудио дијалози се истакнува експресивноста на говорителите (актерите во серијалот) и на самиот јазик воопшто, што ќе рече се надминува функционалниот аспект на јазикот и се изучува прагматичноста на комуникацијата.
Граматиката се воведува индуктивно, односно не се зборува за граматички правила, туку до нив се стигнува преку одредено лингвистичко искуство.
Токму овој момент преовлада во одбирањето на овој учебник, знаејќи за стравот од граматиката поготово за генерациите кои своевремено "учеле" странски јазици по од сегашен аспект неефикасни методи.
ЗА ВАС, 6.000 МКД НА РАТИ, ИЛИ 5.600 МКД ЗА ЦЕЛА СУМА ПРИ УПИС
ПОЧЕТОК: 8 ФЕВРУАРИ, 2012
УПИС: 23 ЈАНУАРИ - 3 ФЕВРУАРИ 2012
УПИСОТ СЕ ВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ - СКОПЈЕ, ОД 14:30 - 20:30 ч.
ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
Свеста дека совршенството тешко може да се достигне нe тера постојано да правиме споредба меѓу разни методологии, пристапи и нови техники во проучувањето на италијанскиот јазик како странски јазик и да трагаме кон најуспешниот начин за совладување на сите јазични тешкотии пред кои ќе се најде ученикот.Курсевите по италијански јазик се наменети за сите возрасти, за оние коишто за прв пат се сретнуваат со тој јазик, за оние коишто веќе навлегле во неговите тајни и за оние коишто сакаат да ги продлабочат или потврдат своите познавања.
За таа цел курсевите се поделени во осум степени, во текот на кои, преку интересни и мотивирачки текстови, со вежби, со ситуации од секојдневниот живот и со најразлични содржини од италијанската култура и цивилизација, преку присуство на бројни граматички структури, учениците ќе се стекнат со познавања кои ќе им овозможат комуникација со луѓе од италијанското јазично подрачје, како и со сигурност при остварувањето на тој контакт.




