50 години јубилеј
Од коктелот по повод 50-от роденден на ЦСЈ
50 години јубилеј
По повод 50-годишниот јубилеј, Центарот за странски јазици организираше две роденденски забави. Едната се одржа на 10 мај 2004 година во клубот Proces , за сите возрасни слушатели, поранешни соработници на Центарот, како и за сите негови пријатели. Комбинацијата на ретро и модерни звуци создаде весела атмосфера и одлична журка која траеше сé до зори. Беа избрани и dancers of the night и поделени атрактивни награди за најсреќните. Многу весело и разиграно беше и на другата забава која ги собра тинејџерите во дискотеката La Fabrique. И овде се делеа награди, а беше избран и најоткачен outfit. Својот врв журката го достигна со роденденската торта со 50 свеќички и со честитките за уште многу години успешна работа. Поттикнати од убавата атмосфера на двете забави и младите и возрасните ученици беа единствени во коментарите дека почнувајќи уште од наредната година, овие забави треба да прераснат во традиција, за кое ветуваме сериозно ќе размислиме. Во низата свечености што Центарот за странски јазици ги организираше по повод 50 години од своето постоење беше и претставата за најмладите ученици одржана на 23 мај 2004 година во Драмскиот театар. Околу стотина ученици од детските степени подготвија интересна програма на англиски и француски јазик која се состоеше од неколку драми и песни. Многубројната публика со воодушевување ги прифати младите глумци и пејачи кои заедно со своите професори вложија многу труд изведбата на сцената да изгледа така прекрасно како што изгледаше. Беа оригинални, мили и свои, за што сведочат и следниве фотографии: