Почетна Контакт


Албански

УЧЕТЕ АЛБАНСКИ ЈАЗИК ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

Центарот за странски јазици нуди најразновидни курсеви за изучување на албанскиот јазик. Со оглед на современите потреби за брзо совладување на странските јазици, часовите се организирани интензивно (два пати неделно по 3 часа), така што за еден семестар се завршува еден степен. Се работи по најсовремена метода која овозможува брзо совладување на јазикот, како и способност за комуникација на албански јазик. На часовите се работи интерактивно и се користат најсовремени аудио-визуелни методи. Наставата се изведува во мали групи, со што се создава одлична работна атмосфера, а се организираат и индивидуални часови.