Почетна Контакт


Грчки

САКАТЕ ДА НАУЧИТЕ ГРЧКИ ?

Дојдете во Центарот за странски јазици кој организира курсеви за изучување на современиот говорен и литературен грчки јазик за возрасни слушатели.

Во почетниот курс, како и во останатите, паралелно со лекциите се изучуваат и најважните правила на новогрчката граматика неопходни за правилно пишување, изговор и конверзација (комуникација).

Курсевите се организираат на неколку нивоа во 8 степени, а секој степен трае 4 месеци и се користат книги наменети за странски студенти.

Покрај лекциите, конверзацијата и вежбите поврзани со нив, се обработуваат и теми од разни области кои се интересни за слушателите.

Редовните курсеви се одржуваат интензивно, т. е. два пати неделно по три часа, со што еден степен се завршува за еден семестар.