Почетна Контакт


Испити за активно и пасивно познавање на јазикот

ИСПИТИ ЗА АКТИВНО И ПАСИВНО ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ

Во Центарот за странски јазици редовно се одржуваат испити за активно и пасивно познавање на англиски, француски, германски, италијански, шпански, грчки или друг странски јазик.

Нивото на активното познавање на јазикот се одредува преку испит што ги проверува следниве вештини: зборување, разбирање на прочитан текст, разбирање на говорниот јазик, пишување, познавање на стручен јазик.

Исто така се изведуваат и испити за пасивно познавање на одреден јазик. Нивото на познавање се одредува преку читање и превод на стручен текст од област која кандидатот сам ја посочува.

Испитите се одржуваат со претходно закажување, а ги изведува комисија составена од два члена. Потврдите за познавање на јазикот се издаваат веднаш и може да бидат на македонски јазик или на соодветниот странски јазик.

Добиените потврди од Центарот за странски јазици можат да послужат за запишување на постдипломски студии во земјата или во странство, за вработување и сл.

Центарот за странски јазици организира и изведува испити и тестирања и за потребите на најразлични институции и претпријатија по нивно барање.