Македонци за странци
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА СТРАНЦИ
Центарот за странски јазици има долга традиција во предавање македонски јазик за странци. Врз основа на повеќегодишното искуство, професори од Центарот го напишаа Зборувате ли македонски? (1995), еден од првите комуникативни учебници за предавање македонски јазик како странски.Во наставата се вклучуваат професори кои зборуваат англиски и/или друг странски јазик и кои се запознаени со методологијата на предавање странски јазик. Наставата е организирана врз комуникативен пристап, што значи дека на часот се создаваат ситуации колку што е можно поблиски до реалноста, во кои слушателите се охрабруваат активно да учествуваат и да го вежбаат јазикот на природен начин.
Максимална ангажираност се обезбедува со работа во парови, во групи и на разни проекти (како на пример прашалници меѓу домашните говорители или посета на места во градот), така што се поттикнува спонтана употреба на јазикот.
Еднакво внимание се обрнува на развојот на сите јазични вештини: слушање, зборување, читање и пишување.
Курсевите се организираат според потребите на слушателите и посебно внимание се обрнува на оние области што се важни за целите на слушателите.
Нудиме курсеви во мали групи (од 3 до 10 слушатели), како и индивидуална настава.




