Почетна Контакт


Курсеви за меѓународно признати дипломи

Центарот за странски јазици е вистинското место каде што може да добиете најдобра подготовка за полагање на повеќе меѓународни испити. Дипломите кои се добиваат од соодветните институции се меѓународно признаени и можат да се употребат за запишување во училишта и високообразовни установи во странство, стипендии како и вработувања во земјата и пошироко. Во Центарот за странски јазици може да добиете висококвалитетна подготовка за следниве испити на повеќе јазици.

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

FCE (Прв сертификат на познавање на англискиот јазик на Универзитетот Кембриџ)
FCE - First Certificate in English - е испит за утврдување на повисоко ниво на познавање на англискиот јазик. Овој испит го полагаат околу 270 000 луѓе годишно во повеќе од 200 земји ширум светот. Како и другите испити на Универзитетот Кембриџ, и FCE ги тестира четирите главни јазични вештини (читање, пишување, слушање, зборување) и познавање на зборовниот фонд и граматика.

CAE - Certificate in Advanced English(Сертификат на напредно ниво на познавање на англискиот јазик на Универзитетот Кембриџ)
Следниот испит CAE е широко прифатен сертификат за солидно познавање на англискиот јазик, како во говорниот, така и во пишаниот збор. CAE е дизајниран да го поттикне развивањето на вештините во автентични ситуации.

CPE - Certificate of Proficiency in English - (Сертификат на највисоко ниво на познавање на англискиот јазик на Универзитетот Кембриџ)
Овој сертификат е воедно и највисок во низата испити на Кембриџ што протврдува сеопфатно и длабинско познавање на англискиот јазик. Испитот е наменет за кандидати кои постигнале соодветна зрелост во размислување на апстрактно ниво.

BEC Business English Certificate - (Сертификат по деловен англиски) - е меѓународно признат сертификат кој веќе долги години е прифатен во светот на бизнисот. Во Македонија се одржуваат испити за BEC Vantage (високо средно ниво - Б2 според Заедничката европска рамка) и BEC Higher (напредно ниво Ц1 според Заедничката европска рамка).

За подетални информации посетете ја www.cambridge-efl.org

ICFE - International Certificate in Financial English
International Certificate in Financial English - ICFE е курс за подготовка за полагање на меѓународно признаен испит за познавање на англискиот јазик од областа на финансиското работење и е наменет за сите оние кои сакаат успешно да комуницираат на англиски јазик во меѓународната бизнис заеница, користејќи ги сите јазични вештини на едно повисоко ниво(B2 до C1 ниво според Заедничката европска рамка). Испитот е дизајниран во соработака со АССА (Асоцијација на акредитирани сметководители).
Усовршувањето на англискиот јазик во областа на сметководството и финансиското работење е особено значајно за сите оние кои студираат економија и се на прагот на подготовка за своите идни професии. Истовремено, испитот е соодветен и за веќе етаблирани професионалци кои сакаат да го верификуваат своето познавање на англискиот јазик во соодветната област, како и за сите оние кои имаат контакт или познавање на финансиското работење и сакаат да го усовршат своето знаење на англискиот јазик, со што добиваат поголеми шанси и предност во изборот на подобри работни места.
Некои од темите кои се обработуваат на овој курс се: финансиски извештаи, финансиска стратегија на компанијата, сметководство, проценка на ризик и анализа, банкарство, осигурување, ослободување од долгови и политика на кредитирање и многу други.


ILEC - International Legal English Certificate International Legal English (ILE)
е курс на високо-средно до напредно ниво(B2 дo C1 ниво според Заедничката европска рамка) за кандидати кои имаат потреба да го користат англискиот јазик во професии од областа на правото. Курсот е наменет за студенти кои студираат право и сите правници и адвокати кои веќе го практикуваат правото. Испитот е дизајниран во соработка со TransLegal (меѓународна организација со долгогодишно искуство во организирање на курсеви за правен англиски).
Земајќи го во предвид фактот дека повеќето правници во светот се занимаваат со комерцијално право, ILE (International Legal English) се фокусира на употребата на англискиот јазик за таа цел. Се обработуваат правни теми од оваа област, како организациско право, договорно право, интелектуална сопственост, вработување, трговија и др.
Целта на овој курс е да им овозможи на правниците да дадат правен совет на англиски јазик во однос на нашиот правен систем, а не да се усовршат во областа на правниот систем на САД и велика Британија. Курост покрива правна терминологија што се користи во овие две земји, но во голем дел обработува правни концепти и термини кои се користат во правните системи и закони низ целиот свет.

TOEFL (Тест за англиски како странски јазик)
Испитот го одредува нивото на познавање на северноамериканскиот англиски јазик. Највеќе се употребува за запишување на колеџите и универзитетите во САД. Постои можност да се полага и преку копјутер и во тој случај испитот се состои од четири дела: слушање, граматички структури, читање и пишување. Редовното полагање на традиционален начин ги тестира истите вештини со акцент на пишувањето во делот насловен како Тест за писмено изразување на англиски (TWE-Test of Writen English). TOEFL станува се попопуларен и позастапен испит во нашава земја, а бројот на учениците кои се подготвуваат во Центарот е сe поголем и поголем.

За подетални информации обратете се на www.toefl.org или www.registration.ets.org/toefl

IELTS (Интернационален систем за тестирање на англискиот јазик)
IELTS испитот се полага од страна на студенти кои имаат намера да студираат во земја која што е во англиско јазично подрачје или им е потребна иселеничка виза за таа земја. Секоја година овој испит го полагаат 25 000 кандидати. Испитот опфаќа четири теста кои се фокусирани на читање, пишување, слушање и зборување.

За подетални информации обратете се на www.cambridge-efl.org

ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Центарот за странски јазици е единственото место каде што може да се полаагат испитите на Гете Институтот, а воедно и да се врши соодветна подготовка за истите сертификати за познавање на германски јазик. Овие меѓународно признати дипломи  може да послужат во странство како валиден доказ за познавање на германскиот јазик за запишување на факултет, за постдипломски студии, за добивање стипендии, a некои од нив и за вработување. Испитите кои се организираат се на ниво на А1, А2, В1, В2 и С1, според европското јазично портфолио.За подетални информации  за сите испити на Гете Институтот прочитајте на www.goethe.de



ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

DELF
меѓународно признаена диплома за познавање на француски јазик. Се состои од основните единици А1, А2, А3 и А4 како и напредните единици А5 и А6 т.е. усни и писмени испити на одделни јазични вештини. Се полагаат одделно и/или заедно во една или повеќе сесии.
Дипломата DELF овозможува запишување на постдипломски студии без додатно полагање на јазичен тест по француски.

DALF
меѓународно признаена диплома за познавање на францускиот јазик од високо ниво во ранг на француска матура. Се состои од единиците Б1, Б2, Б3 и Б4 т.е. усни или писмени испити на одделни стручни јазични вештини.
Дипломата DALF овозможува запишување на студии без додатно полагање на јазичен тест по француски.

За повеќе информации посетете ја www.ciep.fr/langue